Skip to main content

Прераскажување на ,,Бојан'' од Глигор Поповски

 Во овој роман се раскажува за едно момче по име Бојан. Тој живеел на село, но уште како мал одел на подолго време на планина за да го посети дедо му Димо. Од него научил многу работи околу животот на планина. Еднаш, дедото решил на кратко време да оди на село за да ги посети роднините. Мислејќи дека Бојан веќе е повозрасен и позрел, му ја оставил целата грижа врз колибата и плевната нему. Тој заминал, оставајќи го Бојан потполно сам.Секој ден, Бојан имал по неколку обврски што требал да ги заврши. Дедо Димо имал две кучиња- Караман и Стрела што останале на планината со Бојан. Секое утро тој ги хранел со тричник, посебен леб што го правела мајка му. Потоа ги пуштил овците и говедата, кои оделе до потокот да пијат вода. Често одел да го посети дедо Иван. Тој живеел на соседното ридче, наречено Гола Глава. Со него често си зборувале, па така времето побрзо минувало. Тие денови паднал првиот снег. Тој му ги отежнал работите на Бојан. Една вечер, Бојан слушнал волчешко завивање кое доаѓало од врвот на Гола Глава. За среќа, набрзо волците заминале. Утрото, Бојан пронашол една повредена срна. Решил да ја одведе во тремот на колибата и да ја чува таму се до пролет. И дал име Кротка. По неколку дена, волците пак се вратиле. Сега стасале дури до потокот. Кучињата на Бојан се впуштиле во борба со волците, па така волците го задавиле и изеле Караман. Растревожен од загубата на Караман, Бојан ја наоѓа скриената пушка на деда си. Се научил да пука и често кога ќе пукнел, од Гола Глава ќе се јавел Дедо Иван со неговиот истрел. Една вечер, Бојан приметил дека на небото има црвена трага, па се посомневал дека над Гола Глава имало голем оган. Бојан се огласил со два истрела, но не го добил очекуваниот одговор. Утрото се обидел да се пробие низ снегот до Гола Глава, но залудно. Вечерта, волците пак наминале. Овојпат дошле до плевната. Бојан собрал храброст и успеал да погоди еден волк во ногата. Потоа волците си заминале. Следните неколку дена, Бојан бил болен. И болеста поминала, а тој едвај чекал да ги види татко му и дедо му. Неговите очекувања се оствариле. По неколку дена, Бојан се разбудил слушајќи го гласот на дедо му Димо. А попладнето, убаво одморени, Бојан и татко му отишле на село, да се сретнат со Бојановата мајка која нестрпливо ги чекала.Зимата и пролетта поминале. Дошло летото. На планината дошле двајца археолози: Коста и Александар. Коста имал син- Денко кој веднаш се спријателил со Бојан. Еден ден, тие двајца спасиле едно мало девојче Иринка кое за малку ќе се удавело. На двајцата археолози многу им се допаднала планината, па Александар решил да ја повика својата ќерка Елена. Трите деца минувале многу убави денови исполнети со забава и смеа. Бојан веднаш ја засакал Елена, а и таа него. Набргу се случиле немили настани: од удар на гром загинале две овчарчиња, кои му биле другари на Бојан и учеле во исто училиште. Потоа ненадејната смрт на дедо Иван, кој тешко се разболел. Во меѓувреме Бојан го запознал Денко со планината, со сите чешми и тајни места: Велков гроб, Ајдучки гроб, па дури се искачиле и на Орелска чука. Елена многу се налутила затоа што не ја зеле со нив. Поради работата на Александар, таткото и ќерката морале да се вратат во градот, така што Бојан не стигнал да се поздрави со Елена. За тоа му кажал на Денко, и му дал писменце кое било оставено од Елена. Од жал за неа, Бојан по втор пат, сам, се искачил на Орелска чука. Таму ја поминал ноќта. Утредента и Денко и татко му заминале. Последните денови на планината Бојан ги поминал во тага. Планината му изгледала пуста без Денко и Елена. Малку го развеселило новото писмо што му го пратила Елена, заедно со една нејзина фотографија.На крајот на летото, Бојан со тешко срце морал да го напушти деда си и планината и да се врати во селото. Со Денко и Елена си ветиле дека ќе се видат и следното лето, и ќе доживеат многу нови авантури.



Comments

Popular posts from this blog

Прераскажување на ,,Дневникот на Ана Франк''

  Првиот запис во дневникот датира од 14.6.1942 година и го опишува будењето на Ана на  12.6.1942, кога и е роденден. Таа се разбуди во шест часот наутро со возбуда, но мораше  да почека некое време бидејќи знаеше дека другите ќе протестираат ако таа стане толку  рано. Цвеќиња и подароци ја поздравија на масата. Доби многу слатки, а исто така и пари, што  значи дека сега ќе може да купува грчки и римски митови. На училиште, таа споделуваше   колачиња со пријателите. Таа во недела имаше роденденска забава. Пријатели од нејзиното училиште дојдоа и го  гледаа филмот Светилник чувар со Рин Тин-Тин. Во седечки запис во дневникот, Ана се  обидува да објасни зошто започнала да го пишува дневникот. Имено, иако има прекрасно  семејство - родители, постара сестра, роднини и познаници, тој сепак се чувствува осамен.  Со соучениците, сè е секогаш шега и никогаш нема место за посериозни работи. Затоа,  таа одлучи да напише дневник и ќе насл...

Прераскажување на ,,Двојната лота'' од Ерих Кестнер

  На распустот училиштата за девојчиња ги носеле на летување во Зебил на Билското Езеро.Таму се сретнале две девојчиња со ист лик.Двете имале иста боја на очи, иста боја на очи,иста уста,ист нос, се исто, но две работи не им биле исти, а тиа се : однесувањето и уредноста на косата. На Луиза косата и била локнеста и пуштена, а на Лота косата и била соплетена во плетенки.Луиза била палава и немирна, а Лота била мирна и паметна.Кога Лота дошла, Луиза сакала да замине,а Лота не го  сакала тоа. Еден ден воспитувачката го видела тоа и решила да ги седне една до друга на столчиња и на кревет. По некое време Луиза и Лота се зближиле и се засакале.Се прашувале меѓу себе за основните работи и на крај откриле дека се сестри близначки.Дента пред да се поздрават и да одат тие се сликале и решиле да ги заменат местата, бидејќи нивните родители се развеле додека тие биле мали.Тие решиле тоа да биде тајна,а во меѓувреме си праќале и писма.Кога заминале тие се претставиле обратно. Си кажале се...