Приказната започнува така што се зборува за морско чудовиште, кое што е забележано од бродови од различни земји. Најпосле, американската влада оформува експедиција во Њујорк за да го пронајди и да го уништи чудовиштето. Професорот Пјер Арно, кој е познат француски морски биолог (кој што е воедно и наратор во книгата) случајно се наоѓа во Њујорк во тоа време, така што добива покана за експедицијата, која тој прифаќа. Насловна страница (1871) Експедицјата тргнува од Бруклин на бродот со име Абрахам Линколн, кој е дел од Американската морнарица. Бродот патува кон Кејп Хорн во Тихиот океан. Пос долго барање, чудовиштето е пронајдено и бродот го напаѓа. Во текот на борбата, бродот се оштетува и дел од морнарите се исфрлени во морето. Потоа, бродот е заглавен на грбот од чудовиштето и тогаш, морнарите откриваат дека чудовиштето е метално. Екипажот е внесен во „чудовиштето“ и тогаш, тие го запознаваат неговиот создавач, Капетанот Немо. Потоа се раскажува за патувањето со подморницата Наутилус, која ја изградил капетанот Немо со цел да им се одмазди на луѓето кои го прогониле од цивилизацијата, но исто така и за нови научни откритија. Немо им објаснува на Арно и на неговиот екипаж дека никогаш не можат да заминат од подморницата, за да не ја откријат неговата тајна. Така, нивното патување ги води на различни места низ океаните, некои реални, а некои измислени: од Црвеното Море преку Антартикот до потонатата Атлантида. Кога ќе се врати во Атланскиот Океан, подморницата е нападната од една „огромна медуза“ и еден член од екипажот умира. Низ приказната е прикажано дека капетанот Немо бил прогонет од неговата земја, а тоа има некоја врска со неговото семејство. При крајот од приказната, подморницата „Наутилус“ е нападната од брод од таа земја. Немо ги игнорира барањата на Арно да не го напаѓа бродот и наредува напад на бродот, кој потонува со целиот екипаж. Потоа, Немо паѓа во депресија и ја остава подморницата да скита низ океанот, така што таа стасува до брегот на Норвешка, во местото наречено „Маелстром“. Ова им дава шанса на неколку затвореници да избегаат од „Наутилус“ и тие успеваат да се вратат живи на копното, но судбината на Капетанот Немо и на „Наутилус“ не е откриена.
На распустот училиштата за девојчиња ги носеле на летување во Зебил на Билското Езеро.Таму се сретнале две девојчиња со ист лик.Двете имале иста боја на очи, иста боја на очи,иста уста,ист нос, се исто, но две работи не им биле исти, а тиа се : однесувањето и уредноста на косата. На Луиза косата и била локнеста и пуштена, а на Лота косата и била соплетена во плетенки.Луиза била палава и немирна, а Лота била мирна и паметна.Кога Лота дошла, Луиза сакала да замине,а Лота не го сакала тоа. Еден ден воспитувачката го видела тоа и решила да ги седне една до друга на столчиња и на кревет. По некое време Луиза и Лота се зближиле и се засакале.Се прашувале меѓу себе за основните работи и на крај откриле дека се сестри близначки.Дента пред да се поздрават и да одат тие се сликале и решиле да ги заменат местата, бидејќи нивните родители се развеле додека тие биле мали.Тие решиле тоа да биде тајна,а во меѓувреме си праќале и писма.Кога заминале тие се претставиле обратно. Си кажале се...

Comments
Post a Comment