Skip to main content

Прераскажување на ,,Пат околу светот за 80 дена'' од Жил Верн

 Господинот Филеас Фог бил средовечен човек кој во своите кругови бил познат по својата неверојатна точност. Секое сабајле од својата куќа до клубот Реформ во кој бил зачленет правел по точно одреден број чекори. Таму ручал и вечерал, таму се состанувал со своите стари пријатели.

 Еден ден, тие во клубот започнале дискусија за тоа за колку време би можел да се заобиколи светот, а кога господинот Фог кажал дека тој може да се заобиколи за 80 дена сите останале зачудени и едноставно, не се согласувале со неговиот став.
Тие се обложиле со него во врска со патувањето, а тој веќе наредниот ден се спремил и тргнал кон авантурите кои го чекале..
   Малку подоцна се дознало за кражба која се случила во една банка, а според очевидци и сведоци, физичкиот изглед на крадецот се поклопувал со господинот Филеас Фог. Многумина донеле заклучоци дека Филеас Фог бил вистинскиот крадец а за да го избегне своето апсење, тој измислил некое безмислено патување со кое што ке го заобиколи светот за 80 дена иако поголем дел од народот таа идеја ја сметал за апсурдна.
Затоа, по него тргнал еден детектив чекајки Филеас Фог како потенцијалниот крадец да се сокрие и да чека да стивне бурата околу кражбата. Но, на крајот се заклучува дека Филеас Фог не ја извршил таа кражба и дека бил лажно обвинет.
   На ова патување заедно со својот верен слуга Жан Паспарту, тој не само што доживува фантастични работи но и успева да спаси една жена која била осудена на смрт и тие двајцата се заљубуваат еден во друг.
   Покрај сите овие пречки, Филеас Фог и Жан Паспарту штом стигнале назад во Лондон по своето патување сфатиле дека задоцниле 1 ден се додека Филеас Фог не закажал венчавка утредена со својата сакана Ауда но барањето било одбиено бидејки тоа бил неработен ден за кој мислеле дека е Понеделник.
Дури тогаш, господинот Фог сфаќа дека тие дошле пред крајниот рок, и со брзина на светлината, тој се качува во кочија и пристигнува во клубот Реформ по што им докажал на сите присутни дека светот навистина може да се заобиколи за 80 дена.Ако не и помалку...

Comments

Popular posts from this blog

Прераскажување на ,,Двојната лота'' од Ерих Кестнер

  На распустот училиштата за девојчиња ги носеле на летување во Зебил на Билското Езеро.Таму се сретнале две девојчиња со ист лик.Двете имале иста боја на очи, иста боја на очи,иста уста,ист нос, се исто, но две работи не им биле исти, а тиа се : однесувањето и уредноста на косата. На Луиза косата и била локнеста и пуштена, а на Лота косата и била соплетена во плетенки.Луиза била палава и немирна, а Лота била мирна и паметна.Кога Лота дошла, Луиза сакала да замине,а Лота не го  сакала тоа. Еден ден воспитувачката го видела тоа и решила да ги седне една до друга на столчиња и на кревет. По некое време Луиза и Лота се зближиле и се засакале.Се прашувале меѓу себе за основните работи и на крај откриле дека се сестри близначки.Дента пред да се поздрават и да одат тие се сликале и решиле да ги заменат местата, бидејќи нивните родители се развеле додека тие биле мали.Тие решиле тоа да биде тајна,а во меѓувреме си праќале и писма.Кога заминале тие се претставиле обратно. Си кажале се...

Прераскажување на ,,Споменка'' од Горјан Петревски

    Во селото каде што израснал Бојан, децата биле поделени на две дружини: оние од горниот дел на селото биле членови на дружината „Соколи“, а оние од долниот дел ја сочинувале дружината „Црни стрели“. Еден априлски ден, додека си играле децата, Вера Претералка му понудила на Бојан сликички со фудбалери  и му открила дека Споменка разменува сликички со Никола, водачот на „Црни стрели“. Бојан, кој бил вљубен во Споменка, се чувствувал предаден и се скарал со неа. По некое време, двете дружини одиграле фудбалски натпревар во кој Бојан постигнал пет гола, а неговиот тим победил убедливо. Но, следниот ден, Бојан се разболел и го посетиле сите членови на дружината, освен Споменка, но таа дошла утредента и му подарила китка јорговани . Летото, Бојан шетал во друштво со неколку девојчиња; додека тие се капеле во реката, неколку момчиња од „Црни стрели“ им ги украле фустаните , но Бојан ги спасил и така станал јунак на летото, воодушеувајќи ја Споменка. Во новата учебна година, ...

Прераскажување на ,,Дневникот на Ана Франк''

  Првиот запис во дневникот датира од 14.6.1942 година и го опишува будењето на Ана на  12.6.1942, кога и е роденден. Таа се разбуди во шест часот наутро со возбуда, но мораше  да почека некое време бидејќи знаеше дека другите ќе протестираат ако таа стане толку  рано. Цвеќиња и подароци ја поздравија на масата. Доби многу слатки, а исто така и пари, што  значи дека сега ќе може да купува грчки и римски митови. На училиште, таа споделуваше   колачиња со пријателите. Таа во недела имаше роденденска забава. Пријатели од нејзиното училиште дојдоа и го  гледаа филмот Светилник чувар со Рин Тин-Тин. Во седечки запис во дневникот, Ана се  обидува да објасни зошто започнала да го пишува дневникот. Имено, иако има прекрасно  семејство - родители, постара сестра, роднини и познаници, тој сепак се чувствува осамен.  Со соучениците, сè е секогаш шега и никогаш нема место за посериозни работи. Затоа,  таа одлучи да напише дневник и ќе насл...