Skip to main content

Прераскажување на ,,Робинзон Крусо'' од Даниел Дефо

 Со својата преголема желба, Робинзон како лекомислен и непослушен син, заминува од дома и се качува на брод заедно со останатите морнари. Бродот испловува на 1 септември 1651 година, кога Робинзон има осумнаесет години. Пред да излезат од устието Хамбер, задувал силен ветер и голема бура го зафатила бродот. Додека траела бурата Робинзон се каел што ги напуштил своите родители и си ветил дека ако преживее ќе се врати дома. За кратко време бурата стивнала и тие пристигнале во Јармут. Но таму Робинзон заборавил на своите ветувања и мисли што побрзо да се врати дома. Наместо да се врати во Јорк, Робинзон заминал за Лондон каде што запознал еден постар капетан кој му предложил да патува со него. Тоа патување во Африка и Нова Гвинеја било единственото среќно патување за Робинзон. Но по враќањето во Англија стариот капетан починал, и Робинсон бил принуден своето второ патување да го изведе без неговата помош. На тоа патување Робинзон бил заробен од пирати (Турци од Салех). Откако живеел неколку години како роб во Мароко се запознал со едно момче по име Ксури и заедно успеале да побегнат. Пловеле долго време со чунот сè додека не здогледале еден португалски кораб кој ги однел во Бразил. Таму Робинзон останал неколку години и направил плантажа со шеќерна трска. Живеел среќно сè до моментот кога повторно се качил на кораб.Коработ тргнал на 1 септември 1659 година (истиот ден во кој 8 години порано побегнал од дома). После дванаесетиот ден од нивната пловидба задувал силен ветер и голема бура го зафатила коработ. Коработ не ги издржал силните бранови и ветерот и се распарчил. Робинзон бил во бесвест, а кога се освестил сфатил дека е единствениот преживеан во бродоломот. Откривајќи дека се наоѓа на пуст остров, Робинзон Крусо како да ја гледа смртта пред очи. Без храна и вода, без облека и оружје, изнемоштен и завиен во таинственост, тој се покајува што ги напуштил родителите и својата татковина, но веќе е доцна. Во неговите очи се станува непирајтел - шумењето на дрвјата, крикот на вознимирената птица, острите очи на непознато животно. Очекувајки во секој момент да биде распарчен од некој крволочен ѕвер, а не мајќи никаква можност да го напушти островот, Робинзон Крусо останува во оваа дивина, подготвувајќи да се одбрани од секаков непријател. Од оштетениот брод, успева да ги земе залихите на храна, облеката, оружјето, барутот, алатките и се она што може да го искористи за создавање на свој дом. Охрабрен почнува да го создава необичното живеалиште, да го осигури од секаква опасност и полека почнува да го открива таинствениот остров. Преку ловот обезбедува месна храна, од некулкуте семки јачмен и ориз (кои му се истурија на земјата набрзо по пристигнувањето на островот) добива жито, а од фатените диви кози и јариња создава свое мало стадо. Робинзон Крусо се помирува од самотијата,иако ги има своите пријатели-животните и наоѓа некакво свое спокојство, надевајќи дека еден ден, додека сѐ уште е жив, ќе биде откриен и спасен. Појавувањето на дивите луѓе од други земји, човекојадците кои доловуваат на брегот на пустиот остров да ги изедат своите жртви, кај Робинзон создава страв и гнасење. Но, потоа со спасувањето на жртвата на човекојадците, што Робинзон го нарече Петко, се раѓа нова надеж за спасување од пустелијата. Робинзон почнува да го учи Петко да комуницира и да се однесува пристојно. Петко е единствениот голем и верен пријател на Робинзон Крусо по бродоломот. Едни морнари се побуниле против капетанот на еден англиски брод, и ги довеле на островот. Робинзон, заедно со Петкан, повторно го покажува својот воинствен талент и го ослободува капетанот, неговиот помошник и уште еден патник. Потоа сите заедно ги заробуваат побунетите морнари и го освојуваат бродот со кој тргнуваат на пат кон Англија. Робинзон Крусо по цели 28 години заробен на тој проколнат остров, конечно се враќа дома во цивилизацијата. Под негова команда, што ја почитуваат покаените бунтовни морнари, бродот се одалечува од пустиот остров и конечно испловува кон Англија.

Comments

Popular posts from this blog

Прераскажување на ,,Дневникот на Ана Франк''

  Првиот запис во дневникот датира од 14.6.1942 година и го опишува будењето на Ана на  12.6.1942, кога и е роденден. Таа се разбуди во шест часот наутро со возбуда, но мораше  да почека некое време бидејќи знаеше дека другите ќе протестираат ако таа стане толку  рано. Цвеќиња и подароци ја поздравија на масата. Доби многу слатки, а исто така и пари, што  значи дека сега ќе може да купува грчки и римски митови. На училиште, таа споделуваше   колачиња со пријателите. Таа во недела имаше роденденска забава. Пријатели од нејзиното училиште дојдоа и го  гледаа филмот Светилник чувар со Рин Тин-Тин. Во седечки запис во дневникот, Ана се  обидува да објасни зошто започнала да го пишува дневникот. Имено, иако има прекрасно  семејство - родители, постара сестра, роднини и познаници, тој сепак се чувствува осамен.  Со соучениците, сè е секогаш шега и никогаш нема место за посериозни работи. Затоа,  таа одлучи да напише дневник и ќе насл...

Прераскажување на ,,Двојната лота'' од Ерих Кестнер

  На распустот училиштата за девојчиња ги носеле на летување во Зебил на Билското Езеро.Таму се сретнале две девојчиња со ист лик.Двете имале иста боја на очи, иста боја на очи,иста уста,ист нос, се исто, но две работи не им биле исти, а тиа се : однесувањето и уредноста на косата. На Луиза косата и била локнеста и пуштена, а на Лота косата и била соплетена во плетенки.Луиза била палава и немирна, а Лота била мирна и паметна.Кога Лота дошла, Луиза сакала да замине,а Лота не го  сакала тоа. Еден ден воспитувачката го видела тоа и решила да ги седне една до друга на столчиња и на кревет. По некое време Луиза и Лота се зближиле и се засакале.Се прашувале меѓу себе за основните работи и на крај откриле дека се сестри близначки.Дента пред да се поздрават и да одат тие се сликале и решиле да ги заменат местата, бидејќи нивните родители се развеле додека тие биле мали.Тие решиле тоа да биде тајна,а во меѓувреме си праќале и писма.Кога заминале тие се претставиле обратно. Си кажале се...

Прераскажување на ,,Бојан'' од Глигор Поповски

  Во овој роман се раскажува за едно момче по име Бојан. Тој живеел на село, но уште како мал одел на подолго време на планина за да го посети дедо му Димо. Од него научил многу работи околу животот на планина. Еднаш, дедото решил на кратко време да оди на село за да ги посети роднините. Мислејќи дека Бојан веќе е повозрасен и позрел, му ја оставил целата грижа врз колибата и плевната нему. Тој заминал, оставајќи го Бојан потполно сам. Секој ден, Бојан имал по неколку обврски што требал да ги заврши. Дедо Димо имал две кучиња- Караман и Стрела што останале на планината со Бојан. Секое утро тој ги хранел со тричник, посебен леб што го правела мајка му. Потоа ги пуштил овците и говедата, кои оделе до потокот да пијат вода. Често одел да го посети дедо Иван. Тој живеел на соседното ридче, наречено Гола Глава. Со него често си зборувале, па така времето побрзо минувало. Тие денови паднал првиот снег. Тој му ги отежнал работите на Бојан. Една вечер, Бојан слушнал волчешко завивање кое д...