Марта било девојче од седмо одделение кое честопати било карактеризирано како најубавото и најзрелото девојче од нејзината генерација. Нејзиниот најдобар другар но и воедно личност со која го поминувала поголемиот период од денот е нејзиниот соученик Борко. Уште од мала, Марта била растена без татко а приказната пoзади тоа за неа била мистерија која се обидувала да ја дознае.
Од нејзината мајка Бисера дознала дека тој заминал во Швајцарија и со помош на Борко таа испратила писмо до Швајцарската амбасада надевајќи се дека во одговорот ќе се наоѓа и сегашната адреса на нејзиниот татко. Но, во меѓувреме таа се запознала со Витан кое било едно од најлошо воспитаните деца од нејзиното училиште. Тој не можел да и пристапи на Марта па смислил подмолна игра, неговите другари Панде,Никола и Ѓорги да ја нападнат Марта, а Витан да се појави таму и да ја одбрани. Но, Марта била наивна и му поверувала на Витан верувајќи дека во него го гледа нејзиниот татко.
Секој ден била понезаинтересирана за наставата и за дружењето со Борко. Еден ден пристигнало писмо како одговор за Марта. Не можела да поверува на своите очи кога во писмото ја здогледала адресата на нејзиниот татко Мартин Горски чиешто име го носела. Веднаш земала лист и пенкало и започнала да му пишува на својот татко.
Марта доцна ја сфатила измамата на Витан, сфаила колку многу грешела во врска со него и колку само го повредила Борко. Поради нервната растроеност и преголемиот бес во себе, Марта ја исекла својата долга кадрава коса и ги испила сите апчиња до последното кое го нашла. Малку потоа, мајката на Марта ја нашла ќерка си на подот со пена во устата. Сеуште не било доцна да се интервенира но Марта морала да остане во болница до опоравувањето, а и Борко честопати ја посетувал. На денот кога Марта излегла од болницата,нејзината мајка ја запознала со човек кој изминал доста голем пат до тука.
Во тој момент,Марта беше среќна , пак е заедно со Борко, пак учењето и е навика но најважно го запозна татка си, кого со години копнееше за го запознае.
Comments
Post a Comment