Во селото каде што израснал Бојан, децата биле поделени на две дружини: оние од горниот дел на селото биле членови на дружината „Соколи“, а оние од долниот дел ја сочинувале дружината „Црни стрели“. Еден априлски ден, додека си играле децата, Вера Претералка му понудила на Бојан сликички со фудбалери и му открила дека Споменка разменува сликички со Никола, водачот на „Црни стрели“. Бојан, кој бил вљубен во Споменка, се чувствувал предаден и се скарал со неа. По некое време, двете дружини одиграле фудбалски натпревар во кој Бојан постигнал пет гола, а неговиот тим победил убедливо. Но, следниот ден, Бојан се разболел и го посетиле сите членови на дружината, освен Споменка, но таа дошла утредента и му подарила китка јорговани. Летото, Бојан шетал во друштво со неколку девојчиња; додека тие се капеле во реката, неколку момчиња од „Црни стрели“ им ги украле фустаните, но Бојан ги спасил и така станал јунак на летото, воодушеувајќи ја Споменка. Во новата учебна година, во училиштето пристигнала нова наставничка која ја викале Разделина и Бојан многу ја засакал, а истовремено ја замразил математиката поради наставникот кој ѝ се додворувал на Разделина. Еден ден, Бојан нашол фотографија на Споменка и ја зел кај себе, бакнувајќи ја. Набрзо, тој и Споменка почнале да си разменуваат писма во кои ја признале меѓусебната љубов, но Бојан попуштил во учењето и имал слаби оцени. Сепак, по укорот од наставничката и од татко му, тој решил да се поправи и почнал повеќе да учи. Еднаш, за време на посетата на рудникот, Никола не се чувствувал добро и Бојан го испратил до дома. така престанало непријателството меѓу двете дружини. На крајот од учебата година, Споменка му кажала дека ќе се пресели во градот каде се вработил нејзиниот татко. На денот на преселбата, Бојан набрал цвеќе со намера да ѝ го подари на Споменка, но само со поглед го испратил заминувањето на камионот.
На распустот училиштата за девојчиња ги носеле на летување во Зебил на Билското Езеро.Таму се сретнале две девојчиња со ист лик.Двете имале иста боја на очи, иста боја на очи,иста уста,ист нос, се исто, но две работи не им биле исти, а тиа се : однесувањето и уредноста на косата. На Луиза косата и била локнеста и пуштена, а на Лота косата и била соплетена во плетенки.Луиза била палава и немирна, а Лота била мирна и паметна.Кога Лота дошла, Луиза сакала да замине,а Лота не го сакала тоа. Еден ден воспитувачката го видела тоа и решила да ги седне една до друга на столчиња и на кревет. По некое време Луиза и Лота се зближиле и се засакале.Се прашувале меѓу себе за основните работи и на крај откриле дека се сестри близначки.Дента пред да се поздрават и да одат тие се сликале и решиле да ги заменат местата, бидејќи нивните родители се развеле додека тие биле мали.Тие решиле тоа да биде тајна,а во меѓувреме си праќале и писма.Кога заминале тие се претставиле обратно. Си кажале се...

Comments
Post a Comment