Skip to main content

Прераскажување на ,,Двојната лота'' од Ерих Кестнер

 На распустот училиштата за девојчиња ги носеле на летување во Зебил на Билското Езеро.Таму се сретнале две девојчиња со ист лик.Двете имале иста боја на очи, иста боја на очи,иста уста,ист нос, се исто, но две работи не им биле исти, а тиа се : однесувањето и уредноста на косата. На Луиза косата и била локнеста и пуштена, а на Лота косата и била соплетена во плетенки.Луиза била палава и немирна, а Лота била мирна и паметна.Кога Лота дошла, Луиза сакала да замине,а Лота не го сакала тоа. Еден ден воспитувачката го видела тоа и решила да ги седне една до друга на столчиња и на кревет. По некое време Луиза и Лота се зближиле и се засакале.Се прашувале меѓу себе за основните работи и на крај откриле дека се сестри близначки.Дента пред да се поздрават и да одат тие се сликале и решиле да ги заменат местата, бидејќи нивните родители се развеле додека тие биле мали.Тие решиле тоа да биде тајна,а во меѓувреме си праќале и писма.Кога заминале тие се претставиле обратно. Си кажале се што треба да прават и тоа го сториле. Еден ден таткото и кажал на Луиза (Лота) дека сакал да ја земе за жена Ирена Герлах. Лота многу се налутила и ја прашала слугинката Рези како најбрзо да стигне до „Алеја Кобенци 43“. Тоа бил ресторанот во кој Лота и татко и ручале. Лота отишла во ресторанот и во собата на Ирена. Зборувала со неа и и рекла дека нејзиниот татко немало да се ожени со неа.Потоа Лота си заминала дома. Таа не сакала ни да јаде ни да пие. Кога Рези ја фатила за рака видела дека Лота има температура. Веднаш се јавила кај советникор и на таткото на Лотче.Тие дошле.Советникот кажал дека Лота има многу висока температура, а Рези и донесла вода. Додека тоа се случувало во Виена, во Минхен се случувало нешто друго. Луизалота Кернер преку фотографијата дознала дека Луиза и Лота се сретнале и дека дознале дека се близначки.Луизалота викнала „Луиза“ и таа веднаш се свртела.Луизалота веднаш му се јавила на бившиот маж Лудвинг Палфи и се му раскажала.Луиза и мајка и отишле кај Лота и Лудвинф. Кога Лота ја здогледала мајка и веднаш и станало подобро. Луиза и Лота не сакале да и кажат на мајка си за Ирена. Кога пристигнал роденденот на Луиза и Лота тие посакале нивните родители повторно да бидат заедно. Нивните родители малку подразмислиле и на крајот одлучиле повторно да се венчаат. Луизалота и Лудвинг се венчале. На пат по дома Луиза и Лота ја виделе Ирена Герлах. Тие се уплашиле. Мајка им се свртела накај нив и видела човек кој им давал весник и се зачуделе кога ја виделе нивната фотографија во весникот. Тогаш мајка им им кажала дека преку таа фотографија дознала за сето ова.Луиза и Лота тврделе дека ги искинале сите фотографии, а татко им им рекол дека без таа фотографија повторно немало да бидат заедно.



Comments

Popular posts from this blog

Прераскажување на ,,Дневникот на Ана Франк''

  Првиот запис во дневникот датира од 14.6.1942 година и го опишува будењето на Ана на  12.6.1942, кога и е роденден. Таа се разбуди во шест часот наутро со возбуда, но мораше  да почека некое време бидејќи знаеше дека другите ќе протестираат ако таа стане толку  рано. Цвеќиња и подароци ја поздравија на масата. Доби многу слатки, а исто така и пари, што  значи дека сега ќе може да купува грчки и римски митови. На училиште, таа споделуваше   колачиња со пријателите. Таа во недела имаше роденденска забава. Пријатели од нејзиното училиште дојдоа и го  гледаа филмот Светилник чувар со Рин Тин-Тин. Во седечки запис во дневникот, Ана се  обидува да објасни зошто започнала да го пишува дневникот. Имено, иако има прекрасно  семејство - родители, постара сестра, роднини и познаници, тој сепак се чувствува осамен.  Со соучениците, сè е секогаш шега и никогаш нема место за посериозни работи. Затоа,  таа одлучи да напише дневник и ќе насл...

Прераскажување на ,,Бојан'' од Глигор Поповски

  Во овој роман се раскажува за едно момче по име Бојан. Тој живеел на село, но уште како мал одел на подолго време на планина за да го посети дедо му Димо. Од него научил многу работи околу животот на планина. Еднаш, дедото решил на кратко време да оди на село за да ги посети роднините. Мислејќи дека Бојан веќе е повозрасен и позрел, му ја оставил целата грижа врз колибата и плевната нему. Тој заминал, оставајќи го Бојан потполно сам. Секој ден, Бојан имал по неколку обврски што требал да ги заврши. Дедо Димо имал две кучиња- Караман и Стрела што останале на планината со Бојан. Секое утро тој ги хранел со тричник, посебен леб што го правела мајка му. Потоа ги пуштил овците и говедата, кои оделе до потокот да пијат вода. Често одел да го посети дедо Иван. Тој живеел на соседното ридче, наречено Гола Глава. Со него често си зборувале, па така времето побрзо минувало. Тие денови паднал првиот снег. Тој му ги отежнал работите на Бојан. Една вечер, Бојан слушнал волчешко завивање кое д...