Skip to main content

Прераскажување на ,,Царот Едип" од Софокле

Во првиот чин (експозиција) се најавува несреќата што ќе се случи.Пред дворецот на Едип се собираат луѓе, а свештеникот на Зевс говори во нивно име и го моли Едип да помогне и да ја спречи чумата што завладеала во градот. Бидејќи Едип, пред многу години го спасил градот од поморот решавајќи ја загатката на Сфингата, луѓето се убедени дека тој може тоа повторно да го стори. Затоа него го молат за помош.Доаѓа Креонт (братот на Јокаста), кого Едип го пратил во светилиштето на Аполон за да ја дознае причината за поморот – и тој кажува дека спас е единствено да се открие убиецот на кралот Лај (стариот крал, таткото на Едип) – да се казни или протера. Едип пред сите ветува дека ќе го пронајде убиецот и дека ќе го казни.

Во вториот чин Едип сите ги распрашува за убиството на Лај, а оние кои не сакаат да кажат – ги проколнува. Тогаш го советуваат да го повика пророкот Тирејсиј кој може да открие вистината. Тирејсиј му кажува дека тој е убиецот на Лај – татко му, дека е оженет со својата мајка и дека неговите деца истовремено му се и браќа и сестри. Едип се разлутува и не може да поверува во таквата сторија и му кажува на Тиресиј дека тој не е никаков пророк, туку обичен глупак.И хорот е на страната на Едип, верувајќи во неговата чесност и мудрост.Ваквото пророштво Едип си го објаснува дека е наместено од страна на Креонт – за да го оцрни и тргне од престолот.

Во третиот чин Едип го повикува и обвинува Креонт за заговор. Но, тој му одговара дека воопшто не е заинтересиран за престолот, дека ужива во царскиот дворец без обврски и си заминува не сакајќи да му се покори на Едип нарекувајќи го „лоша власт“ која ги обвинува невините.Јокаста се обидува да ја спречи кавгата, а откако си заминува Креонт, таа му раскажува на Едип за Лај и пророштвото дека ќе биде убиен од својот син. Три дена по раѓањето, Лај го однел детето во планината каде веројатно умрело. Исто така, таа вели дека Лај е убиен од разбојници, а не од синот, па затоа Едип не треба да му верува на пророкот.Наместо да го смири, оваа приказна уште повеќе го вознемирува Едипа. Тогаш тој ѝ го кажува пророштвото за себе: дека ќе го убие сопствениот татко и дека ќе се ожени за мајка си. Иако веќе почнува да чувствува дека има вистина во зборовите на пророкот, тој сепак ветува дека ќе го фати убиецот и ќе го казни.Тој продолжува со истражувањето и го повикува робот за точно да му каже како умрел Лај. Кога слушнал дека не го убиле разбојници, туку еден човек, сомневањата кај Едип уште повеќе се зголемуваат.

Во четвртиот чин се прикажани страдањата на Едип, сомнежите кои стануваат реалност и кои му го раскинуваат срцето.Тогаш доаѓа гласник од Коринт кој му кажува дека умрел татко му, кралот Полиб и го повикуваат да дојде таму. Едип одбива надевајќи се дека така ќе ја спречи проречената судбина. Но, тогаш гласникот му открива дека Едип бил посвоен, дека тој кога бил овчар, од друг овчар на царот Лај земал дете и им го дал на кралот и кралицата на Коринт, кои биле бездетни.

За сосема да ја разоткрие вистината, Едип го повикува овчарот на Лај, и во петтиот чин се дознава целата вистина. Едип очајува и проколнува, но не може да избега од стореното.

Во шестиот чин сѐ завршува. Завршува животот на Јокаста која се обесила не можејќи да живее со сознанието дека била мажена со сопствениот син и со него изродила деца. Завршува среќата, надежта и иднината на Едип. Тој самиот се прогонува од Теба, а за да се казни построго – со игли си ги прободува очите, за повеќе да не гледа. Да не ги гледа своите деца, градот, народот, па ни мртвите родители во другиот свет – зашто е најголемиот грешник.
Креонт останува во Теба и ветува дека ќе се грижи за децата.

Comments

Popular posts from this blog

Прераскажување на ,,Дневникот на Ана Франк''

  Првиот запис во дневникот датира од 14.6.1942 година и го опишува будењето на Ана на  12.6.1942, кога и е роденден. Таа се разбуди во шест часот наутро со возбуда, но мораше  да почека некое време бидејќи знаеше дека другите ќе протестираат ако таа стане толку  рано. Цвеќиња и подароци ја поздравија на масата. Доби многу слатки, а исто така и пари, што  значи дека сега ќе може да купува грчки и римски митови. На училиште, таа споделуваше   колачиња со пријателите. Таа во недела имаше роденденска забава. Пријатели од нејзиното училиште дојдоа и го  гледаа филмот Светилник чувар со Рин Тин-Тин. Во седечки запис во дневникот, Ана се  обидува да објасни зошто започнала да го пишува дневникот. Имено, иако има прекрасно  семејство - родители, постара сестра, роднини и познаници, тој сепак се чувствува осамен.  Со соучениците, сè е секогаш шега и никогаш нема место за посериозни работи. Затоа,  таа одлучи да напише дневник и ќе насл...

Прераскажување на ,,Двојната лота'' од Ерих Кестнер

  На распустот училиштата за девојчиња ги носеле на летување во Зебил на Билското Езеро.Таму се сретнале две девојчиња со ист лик.Двете имале иста боја на очи, иста боја на очи,иста уста,ист нос, се исто, но две работи не им биле исти, а тиа се : однесувањето и уредноста на косата. На Луиза косата и била локнеста и пуштена, а на Лота косата и била соплетена во плетенки.Луиза била палава и немирна, а Лота била мирна и паметна.Кога Лота дошла, Луиза сакала да замине,а Лота не го  сакала тоа. Еден ден воспитувачката го видела тоа и решила да ги седне една до друга на столчиња и на кревет. По некое време Луиза и Лота се зближиле и се засакале.Се прашувале меѓу себе за основните работи и на крај откриле дека се сестри близначки.Дента пред да се поздрават и да одат тие се сликале и решиле да ги заменат местата, бидејќи нивните родители се развеле додека тие биле мали.Тие решиле тоа да биде тајна,а во меѓувреме си праќале и писма.Кога заминале тие се претставиле обратно. Си кажале се...

Прераскажување на ,,Бојан'' од Глигор Поповски

  Во овој роман се раскажува за едно момче по име Бојан. Тој живеел на село, но уште како мал одел на подолго време на планина за да го посети дедо му Димо. Од него научил многу работи околу животот на планина. Еднаш, дедото решил на кратко време да оди на село за да ги посети роднините. Мислејќи дека Бојан веќе е повозрасен и позрел, му ја оставил целата грижа врз колибата и плевната нему. Тој заминал, оставајќи го Бојан потполно сам. Секој ден, Бојан имал по неколку обврски што требал да ги заврши. Дедо Димо имал две кучиња- Караман и Стрела што останале на планината со Бојан. Секое утро тој ги хранел со тричник, посебен леб што го правела мајка му. Потоа ги пуштил овците и говедата, кои оделе до потокот да пијат вода. Често одел да го посети дедо Иван. Тој живеел на соседното ридче, наречено Гола Глава. Со него често си зборувале, па така времето побрзо минувало. Тие денови паднал првиот снег. Тој му ги отежнал работите на Бојан. Една вечер, Бојан слушнал волчешко завивање кое д...