Skip to main content

Posts

Showing posts from March, 2021

Прераскажување на ,,Двојната лота'' од Ерих Кестнер

  На распустот училиштата за девојчиња ги носеле на летување во Зебил на Билското Езеро.Таму се сретнале две девојчиња со ист лик.Двете имале иста боја на очи, иста боја на очи,иста уста,ист нос, се исто, но две работи не им биле исти, а тиа се : однесувањето и уредноста на косата. На Луиза косата и била локнеста и пуштена, а на Лота косата и била соплетена во плетенки.Луиза била палава и немирна, а Лота била мирна и паметна.Кога Лота дошла, Луиза сакала да замине,а Лота не го  сакала тоа. Еден ден воспитувачката го видела тоа и решила да ги седне една до друга на столчиња и на кревет. По некое време Луиза и Лота се зближиле и се засакале.Се прашувале меѓу себе за основните работи и на крај откриле дека се сестри близначки.Дента пред да се поздрават и да одат тие се сликале и решиле да ги заменат местата, бидејќи нивните родители се развеле додека тие биле мали.Тие решиле тоа да биде тајна,а во меѓувреме си праќале и писма.Кога заминале тие се претставиле обратно. Си кажале се...

Прераскажување на ,,Дневникот на Ана Франк''

  Првиот запис во дневникот датира од 14.6.1942 година и го опишува будењето на Ана на  12.6.1942, кога и е роденден. Таа се разбуди во шест часот наутро со возбуда, но мораше  да почека некое време бидејќи знаеше дека другите ќе протестираат ако таа стане толку  рано. Цвеќиња и подароци ја поздравија на масата. Доби многу слатки, а исто така и пари, што  значи дека сега ќе може да купува грчки и римски митови. На училиште, таа споделуваше   колачиња со пријателите. Таа во недела имаше роденденска забава. Пријатели од нејзиното училиште дојдоа и го  гледаа филмот Светилник чувар со Рин Тин-Тин. Во седечки запис во дневникот, Ана се  обидува да објасни зошто започнала да го пишува дневникот. Имено, иако има прекрасно  семејство - родители, постара сестра, роднини и познаници, тој сепак се чувствува осамен.  Со соучениците, сè е секогаш шега и никогаш нема место за посериозни работи. Затоа,  таа одлучи да напише дневник и ќе насл...

Прераскажување на ,,Бојан'' од Глигор Поповски

  Во овој роман се раскажува за едно момче по име Бојан. Тој живеел на село, но уште како мал одел на подолго време на планина за да го посети дедо му Димо. Од него научил многу работи околу животот на планина. Еднаш, дедото решил на кратко време да оди на село за да ги посети роднините. Мислејќи дека Бојан веќе е повозрасен и позрел, му ја оставил целата грижа врз колибата и плевната нему. Тој заминал, оставајќи го Бојан потполно сам. Секој ден, Бојан имал по неколку обврски што требал да ги заврши. Дедо Димо имал две кучиња- Караман и Стрела што останале на планината со Бојан. Секое утро тој ги хранел со тричник, посебен леб што го правела мајка му. Потоа ги пуштил овците и говедата, кои оделе до потокот да пијат вода. Често одел да го посети дедо Иван. Тој живеел на соседното ридче, наречено Гола Глава. Со него често си зборувале, па така времето побрзо минувало. Тие денови паднал првиот снег. Тој му ги отежнал работите на Бојан. Една вечер, Бојан слушнал волчешко завивање кое д...

Прераскажување на ,,Пат околу светот за 80 дена'' од Жил Верн

 Господинот Филеас Фог бил средовечен човек кој во своите кругови бил познат по својата неверојатна точност. Секое сабајле од својата куќа до клубот Реформ во кој бил зачленет правел по точно одреден број чекори. Таму ручал и вечерал, таму се состанувал со своите стари пријатели.  Еден ден, тие во клубот започнале дискусија за тоа за колку време би можел да се заобиколи светот, а кога господинот Фог кажал дека тој може да се заобиколи за 80 дена сите останале зачудени и едноставно, не се согласувале со неговиот став. Тие се обложиле со него во врска со патувањето, а тој веќе наредниот ден се спремил и тргнал кон авантурите кои го чекале..    Малку подоцна се дознало за кражба која се случила во една банка, а според очевидци и сведоци, физичкиот изглед на крадецот се поклопувал со господинот Филеас Фог. Многумина донеле заклучоци дека Филеас Фог бил вистинскиот крадец а за да го избегне своето апсење, тој измислил некое безмислено патување со кое што ке го заобиколи с...